top

Алипинистички Смер

Активности во 2010

Висински Работи

Наши Планини

АЛПИНИСТИЧКИ КЛУБ „ЕВЕРЕСТ„
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ГЕВГЕЛИЈА  УЛ.„РАДОВАН КОВАЧЕВИЌ„ БР.9
ТЕЛЕФОН : 00389 034 213743
МОБ: 00389 70 218811

ALPINE CLIMBING CLUB ,,EVEREST,,
REPUBLIC OF MACEDONIA
GEVGELIJA STR,,RADOVAN KOVACEVIC,, NO 9
TELEPHONE : 00389 34 213743
MOB : 00389 70 218811


feed-image Feed Entries
Дома
За нас

Освојувањето и искачувањето на највисоките врвови на планините во светот припаѓа на релативно новите подвизи.Во класичниот свет на планинските врвови се гледало со стравопочитување бидејки луѓето верувале дека таму живеат боговите и духови.И денес некои од племињата во Африка и Азија веруват дека некои врвови се свети и не дозволуват искачување.Покасно со научното проучување на светот луѓето започнуват да се интересират за планините.Но кога започнува интересот и се појавија храбри луѓе кои започнаа да се качуват по планините,ја открија сета убавина на новиот свет.Од почетокот  планинарењето било многу опасно од причина што немало соодветна опрема но тоа  не ги поколебало храбрите да се качуват и освојуват врвови.Човек цврсто се држи на голата карпа од планината.Полека истегнувајки го секој нерв и мускул,сантиметар по сантиметар напредува во висините.Еден погрешен чекор и може да се струполи неколку стотини метри во провалија.И покрај опасноста тој осеќа длабоко задоволство во борбата да се искачи до небото под облаците,до врвот кон кој тежнее.Зошто.Што ги тера луѓето да ги рискират животите за да  се качуват по планините.Тешко е да се одговори на едноставен начин.Авантура.Лична гордост и престиж.Мистично здружување со природата и чувство кое го запира здивот.За мене  мистичното  здружување на телото и умот со природата е тој алхемиски спој.Јас не ја освојувам планината.Планината е божество кое го молам да ми дозволи да ја допрам,запозна,засакам и доближам до мене.Историјата вели дека Филип Македонски во 350 година п.н.е се искачил на највисокиот врв на Балканот за да види дали од едно место можат да се гледат и Јадранско и Егејско море. Во 218 година п.н.е Ханибал ги преминал Алпите во походот на Рим а првото искачување од радозналост го направил филозофот Емпидокле искачувајки се на Етна.Поетот  Франческо Петрарка ги започнува првите искачувања на врвови во јужна Франција на Алпите од љубов и восхит.

И на крајот некој ќе праша „зошто седум континенти –седум врва„.Па најверојатно ,,затоа што се тука,, како што напишал George Mallory.Се дружевме со староседелците на Алпите,ја откривавме тајната на долговечниот живот на стогодишњаците на Кавказ во Русија,ја запознавме културата на старите Инки на Андите во Јужна Америка и го почувствувавме ритамот на живот на Масаите во Танзанија и Африка.Сега сме на половина пат од нашата следна цел-да ја откриеме убавината на крајниот север на Американскиот континент.Аљаска.Еден месец за искачување на Денали и доближување на културата на ескимите и индијанците во националниот парк Денали.Предизвик и голема желба е да ги запознаеме  Абориџините во Австралија и нивната култура.Јас лично мислам дека од нив може многу да се научи за природата.И во некоја блиска иднина нашиот,и  сон на секој алпинист да ги доживее и почувствува Непал и Тибет.Но за тоа во некоја идна прилика.Никој не ги знае нашите и божји патишта.Со верба и љубов сонот може да биде стварност.

 
Гледања на содржината : 20388
Има 3 гости присутни

Најпопуларни


bottom

Покренато од Joomla!. Designed by: Lonex.com hosting firm NTC hosting Valid XHTML and CSS.